
Американската актерка Џесика Честејн проговори за тешкиот период на растење, бидејќи самохрана мајка ги воспитувала неа и нејзините три други браќа и сестри.
Џесика во еден момент решила да се запише на Американската академија за уметничко лизгање, но морала да почне да работи за да ги финансира студиите.
-Немаше шанси моето семејство да го финансира тоа. Тешко ми беше да живеам и да се пробивам низ животот. Некои луѓе го видоа тоа и ми помогнаа. Тие ми овозможија да бидам таму каде што сум сега – изјави таа за The Times.

Џесика се заблагодарила и на организацијата „Планирано родителство“ што обезбедила контрацептивни средства бидејќи и дозволиле да ги следи нејзините соништа.
– Јас сум првата личност во моето семејство која не забременила на 17 години. Тоа имаше големо влијание врз мојот живот бидејќи имав повеќе избори – изјавила актерката чија мајка ја родила кога била тинејџерка.

Вели дека и денес сиромаштијата ја лути.
– Никогаш не размислувам како би можела да заработам уште повеќе. Имам бунтовничка карактеристика бидејќи се соочив со многу неправди во мојот живот. Немавме многу работи, понекогаш легнувавме гладни. Не сакам многу да зборувам за тоа, но тоа беше мојата реалност. Не сум имала живот каков што би очекувала да имам. Ме лути неправдата и сиромаштијата. Не сакам никој да биде лишен од ништо – заклучила Џесика за споменатиот медиум.