Оцетот е вашиот вистински избор доколку имате проблем со чистење на бигорот
Каролина Меколи е жена која своите социјални мрежи ги посвети на едукација и советување на луѓето како да го исчистат своето место на живеење што е можно полесно.
Овој пат таа сподели видео во кое покажува како со само една намирница – оцет, можете да ги исчистите славините и бигорот околу нив.
Сè што треба да направите е да ги натопите магичните крпи во оцет и да ги ставите на местото што сакате да го исчистите.
Оставете да делува најмалку половина час, а потоа само избришете.
Секако, во зависност од тоа колку ви се валкани славините, ќе ја оставите и крпата на нив.