Од елегантни до опуштени варијанти: Ова парче облека секоја жена мора да го има во својот гардеробер!

popara8 јули, 20221min00
kombinezon

Едно парче облека речиси никогаш нема да излезе од мода – а тоа е комбинезонот.

Монохроматски или оние во шарени дезени, идеални се за лето.

Покрај тоа што изгледаат модерно, тие се многу удобни и практични за сите прилики бидејќи има широк избор на модели – од полежерни до поелегантни.

Познатите блогерки знаат да извлечат максимум од ова парче облека и да го вклопат на најдобар можен начин.

Класичен црн комбинезон, кој ја следи линијата на телото, е задолжителен дел од гардеробата на секоја жена. Над него можете да облечете голема бела кошула која ќе го комплетира изгледот, а не е на одмет да додадете ефективна чанта и накит и вашиот стајлинг е подготвен. Станува збор за комбинација која можете да ја носите како дневна, но и како вечерна верзија – со комбинезон апсолутно нема грешка.

Овој тип на комбинезон во комбинација со сандали или чевли со високи потпетици е одличен избор за работа. Ќе изгледате деловно и опуштено во исто време.

Поширокиот модел на комбинезони, во портокалова боја, е совршен за летни прошетки. Со комбинезонот одлично ќе се вклопат патики, балетанки, сандали, влечки.

Која боја и да ја изберете и со какви чевли и да го комбинирате, нема да погрешите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma