Освен вода: Кои други течности е важно да ги внесуваме во организмот кога има високи температури?

popara8 јули, 20221min00
62331038-voda-tekucina-vrucina

Сите веќе го знаеме ова, но секогаш е добро да се потсетиме на важноста од земање доволно течности во време на екстремна топлина. Првенствено, ова се однесува на конзумирање на поголеми количини вода и полесни пијалоци како што се незасладените сокови, додека кофеинот и алкохолот треба да се избегнуваат.

Покрај вода, при високи температури, кога обилно се потиме, важно е да се внимава и на зголемениот внес на електролити, на пример со конзумирање на спортски, односно изотонични и енергетски пијалоци. Со зголемено потење, телото губи вода, јаглехидрати и електролити (особено натриум), кои треба да се заменат.

Електролитите се супстанции неопходни за функционирање на нервниот систем и регулирање на нивото на телесните течности. Тие се неопходни за правилно функционирање на сите клетки во телото и играат клучна улога во регулирањето на pH вредноста во телото, правилното функционирање на мускулите и преносот на нервните сигнали. Електролитите можат да носат позитивни или негативни електрични полнежи, а најважните електролити за човечкото тело се калциум, магнезиум, калиум, натриум и хлориди.

Внесувањето на електролити ќе го намали чувството на замор и исцрпеност што често доаѓа со високите температури, а симптомите на недостаток на електролити во телото вклучуваат грчеви во нозете, главоболка и несоница.

Што се случува во телото ако пиете само една чаша вода дневно?

Покрај одредени пијалоци, електролитите може да се надополнат со конзумирање на одредени видови храна, кои вклучуваат:

– свежо овошје како што се лимони, портокали, јагоди, шумско овошје, ананас, лубеници, праски, грозје
– свеж зеленчук како спанаќ, кељ, зелка, домати, блитва, компири, пиперки и компири
– млеко, сирење и други млечни производи
– јаткасти плодови, семиња и житарки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma