Ловоров лист: Драгоцен зачин кој има широк спектар на намени

popara9 јули, 20221min00
lovorov-list-830x0

Значи, сармата, киселата зелка, гравот, домашната супа… не се автентични ако не содржат ловор.

Ловоровиот лист или ловор се користел уште во средниот век за медицински цели. Старите Грци ги украсувале главите на победниците со ловорики, римските генерали го користеле за да ги „дезинфицираат“ мечовите по битките, бидејќи неговите антисептички ефекти некако биле познати уште тогаш.

Поради својата ароматичност и посебниот вкус што им го дава на одредени јадења, сувите ловорови листови се едни од најчестите билки кои се користат како зачин во готвењето. Значи, сармата, киселата зелка, гравот, домашната супа… не се автентични ако не содржат ловор. Ловоровиот лист се става во садот и се отстранува пред сервирање и консумација, бидејќи тешко се џвака и вари.

Етеричното масло од ловор е високо ценето, како во козметиката, така и во медицината. Силното аналгетско и фунгицидно дејство го прави есенцијалното масло од ловор важна состојка во третирањето на разни болки.

На сајтот „Healthline“ се претставени податоци од студии од 2008 година кои покажале неколку драгоцени ефекти на ова растение. Поради неговото богатство со полифеноли, кои се моќни антиоксиданси, се поврзува со регулирање, па дури и спречувањето на дијабетесот и другите кардиоваскуларни болести, што бара дополнително истражување.

Поради своите антисептички својства, ловоровите лисја помагаат да се смират инфекциите и симптомите на грип, а некои студии укажуваат на можните корисни ефекти на ловоровите листови за заздравување на повреди и рани, како и за намалување на стомачните тегоби.

А зошто во јадењата се додава ловор?

Секој од нас се уверил во аромата што ловоровиот лист му ја дава на секое јадење, а различни кулинарски веб-страници наведуваат една посебна причина зошто ловоровиот лист се додава конкретно на црвеното месо. Клучни не се само мирисот и вкусот, туку и фактот што ловоровиот лист ги раствора штетните масти во месото, поточно триглицеридите ги претвора во монолипиди.

Ловоровиот лист има посебно место во кујната за време на студените зимски денови, кога помалку се движиме и јадеме потешка храна. Затоа ловорот е тука за да го поттикне доброто расположение, но и да го олесни варењето и да ја намали надуеноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma