Чистењето на мебелот никогаш не било полесно: Домашен спреј кој ја „одбива“ прашината

popara10 јули, 20221min00
1655363236998-shutterstock359963741-830x0

Експерт за чистење откри специјална течност од која, како што најавува, ќе се „фаќа“ помалку прашина во станот

Колку пати сте виделе прашина, мали честички од кожа, едвај видливи влакна кои летаат дури и со најмал проток на воздух, особено кога станот е осветлен од сонце?

Борбата со прашината во станот никогаш не завршува. Еден ден откако темелно ќе избришете сè, се чини дека наслагите прашина повторно се таму. Затоа експертот за чистење Каролина Меколи сподели видео на „Tik Tok“ во кое ја откри тајната како да го одржувате домот без прашина што е можно подолго, пренесува „The Sun“.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Најдобрата вест за овој трик е што „магичната смеса против прашина“ се прави од евтини состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна.

Меколи советува да ставите две чаши вода, ¼ шолја бел алкохолен оцет, лажица маслиново масло и три капки детергент за миење садови во шише со распрскувач.

За да го добиете тој „штотуку исчистен“ мирис во вашиот дом, можете да додадете неколку капки есенцијално масло од цитрус.

Потоа Меколи ја испрскала смесата на крпа и ги избришала највалканите делови од станот. Според неа, оваа течност целосно ја отстранува и отфрла прашината.

Одлична вест е што со оваа смеса ќе треба само еднаш месечно да бришете прашина.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma