Не ви треба многу време за да го подготвите, а неговиот вкус е таков што кога еднаш ќе го пробате, ќе го правите повторно и повторно.
Тоа е бисквит од јогурт кој можете да го направите со кое било друго овошје.
Ванилиниот шеќер е исто така задолжителна состојка, бидејќи на колачот му дава посебна нота. Ако сакате, можете да додадете цимет и кора од лимон.
Состојки:
2 јајца
1 чаша шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
1 чаша јогурт
2/3 чаша стопен путер
2,5 чаши брашно
1 лажичка прашок за пециво
700 гр исчистени кајсии
Подготовка:
Јајцата, шеќерот и путерот се матат додека не станат пени. Додадете ги останатите состојки освен кајсиите и убаво измешајте.
Намачкајте плех со дијаметар од 20*30 (или 25 см) и посипете го со брашно или покријте со хартија за печење.
Истурете го тестото и наредете ги парчињата кајсии.
Печете го колачот со кајсии во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути.
Изладениот колач делумно посипете го со шеќер во прав кој сте го ароматизирале со ванила. Послужете го со кафе, чај или млеко и уживајте во неговиот неодолив вкус.
Користете чаша за јогурт за мерење, тоа е најточната мерка. Кајсиите исечкајте ги на помали парчиња и наредете ги густо (ако сте љубител на овошје).
А ако не ви се допаѓа премногу овошје во овие колачи, слободно намалете ја количината на кајсии.