Чистењето на домот никогаш не било полесно: Домашен спреј кој ја „одбива“ прашината

popara10 јули, 20221min00
1655363236998-shutterstock359963741-830x0

Колку пати сте виделе прашина, мали честички од кожа, едвај видливи влакна кои летаат дури и со најмал проток на воздух, особено кога станот е осветлен од сонце?

Борбата со прашина во станот никогаш не завршува. Ден откако темелно ќе избришете сè, се чини дека наслагите од прашина повторно се таму. Затоа експертот за чистење Каролина Меколи сподели видео на Тик Ток во кое ја откри тајната за да го одржувате домот без прашина што е можно подолго, пренесува The Sun.

Најдобрата вест за овој трик е што „магичната смеса против прашина“ користи евтини состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна.

Меколи советува да ставите две чаши вода, ¼ шолја алкохолен оцет, лажица маслиново масло и три капки детергент за миење садови во шише со распрскувач.

За да го добиете тој „штотуку исчистено“ мирис во вашиот дом, можете да додадете неколку капки есенцијално масло од цитрус.

Потоа Меколи ја испрскала смесата на крпа и ги избришала највалканите делови од станот. Според неа, оваа течност целосно ја отстранува и отфрла прашината.

Одлична вест е што со оваа смеса ќе треба само еднаш месечно да бришете прашина.

-Советот е одличен, ќе морам да го пробам и самата во мојот стан – беше еден од бројните коментари на нејзиното видео.

@carolina.mccauley

👋🏾 Say goodbye to dust in your home 🍃 #homehacks #homehackswithcarolina #cleaninghacks #cleaningtips

♬ Lovely Day – Bill Withers

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma