Повеќето парфеми целосно исчезнуваат до крајот на денот, особено кога се во прашање високите температури
Кога наутро го нанесуваме омилениот парфем, често мирисот исчезнува до крајот на денот, без оглед на неговата сила и квалитет.
Особено кога температурите се речиси тропски, а процесот на потење е значително поинтензивен, мирисните ноти едноставно исчезнуваат од нашата кожа. Но, постои мал трик кој можете да го искористите и за тој проблем.
Треба да нанесете крем кој содржи вазелин или тенок слој чист вазелин на местото каде што го прскате парфемот.
Ако немате вазелин, можете да користите лосион за тело кој нема мирис.
Кога ќе нанесете лосион или вазелин, оставете ја кожата да ги впие овие производи, а потоа испрскајте го парфемот. Поради помрсниот слој кој се создава на кожата, парфемот ќе трае многу подолго.