Неверојатен трик како да се исчистите од песокот од плажа

popara10 јули, 20221min00
shutterstock529246483-830x0

Одличен трик кој ќе ви биде од корист ова лето

Песочните плажи за многумина се најубави на светот, а лежењето на песок доаѓа како терапија за умот и телото за време на одморот. Затоа трикот како да го исчистите песокот после цел ден на плажа добро би ви дошол за време на летните одмори.

Сепак, овој вид на релаксација може да биде и вистинска „мака“ кога ќе дојде време да ја напуштите плажата. Чистењето на песокот од целото тело може да потрае долго и секогаш имаме впечаток дека не сме го исчистиле како што треба, пренесува „Mirror“.

Благодарение на една мајка од Тик Ток, нема да морате повеќе да се борите со песокот бидејќи таа смислила совршен трик како да се ослободите од секое зрно песок на крајот од денот.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Лорен Клатер вели дека веќе е познато дека пудрата за бебиња помага да се отстрани песокот од телото, но таа истакна дека користењето пудра на плажа може да биде незгодно, особено кога дува ветер. За да им го олесни животот на сите мајки кои се обидуваат да ги исчистат своите деца од песок, Лорен истури бебешка пудра во чорап, со кој потоа го избриша телото и истовремено го исчисти залепениот песок.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma