Кајли Џенер и нејзиното момче се во отворена врска: Еве што подразбира ваквиот однос

popara11 јули, 20221min00
tan2022-2-7149207350-830x0

Денес, на отворените врски се гледа многу поинаку отколку пред десет години. Тоа е начин да не се врзувате премногу за некого ако не сте сигурни дека е вистинската личност за вас

Откако го добија своето второ дете, реалити ѕвездата Кајли Џенер и нејзиното момче Тревис Скот ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста, пренесува „Yourtango“.

Статусот на нивната врска е малку збунувачки со текот на годините бидејќи често го менуваа својот однос. Беа заедно, па раскинуваа, а за сето тоа време добија две деца, ќерка и син.

Причината за тоа е што овој славен пар не ги следи типичните насоки кои можеме да ги очекуваме во моногамна врска.

Велат дека некои работи ги прават одделно, некои заедно, Тревис има слобода да прави што сака, а за тоа време Кајли им е добра мајка на нивните деца.

Странските медиуми пишуваат дека неодамна Тревис бил во хотелска соба со многу девојки, па уште еднаш се започнала приказната дека тие двајца всушност имаат отворена врска, што Кајли во 2021 година го демантираше.

Што е отворена врска?

Отворената врска е речиси она што повеќето луѓе мислат дека е. Тоа е немоногамна врска. Бројот на луѓе со кои се гледа другата страна зависи од тоа со што се согласува партнерот.

Уште еден тип на ваква врска може да биде да постои само некаков интерес за одредена личност, но не сакате работите да се комплицираат премногу брзо, па затоа оставате некое време додека не се запознаете доволно. Во меѓувреме, оставате слободно време и простор за да се гледате со други луѓе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma