Ова се првите симптоми на кои треба да обрнете внимание
Ракот на тироидната жлезда е вид на рак кој не е толку чест, но во последните години е забележано негово зголемување. Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, но може да се појави кај секого, без разлика на возраста или полот. Во раните фази, ракот на тироидната жлезда не покажува јасни симптоми, но како што се развива и се шири, почнуваат да се појавуваат предупредувачки знаци, вклучувајќи:
- Грутки на вратот
Тие можат да бидат видливи со голо око или да се почувствуваат само на допир, додека некои луѓе можат да ги забележат при голтање кога ќе предизвикаат непријатност (обично на предниот дел на вратот),
- Зголемени лимфни јазли на вратот
Обично во пределот под вилицата,
- Болка во вратот која понекогаш се протега до ушите
Доколку трае подолго од неколку дена, во комбинација со некои други симптоми
- Засипнатост или други гласовни промени
Поретки симптоми предизвикани од јазол на тироидната жлезда,
- Тешкотии при дишење или голтање
Еден од поретки знаци на рак на тироидната жлезда е зголемената тироидна жлезда.
- Постојана кашлица
Онаа што не е предизвикана од настинка или друга болест.