Не е онаа жена на која прво би помислиле
Во денешно време изневерувањето не е толку изненадување, поголемо е кога ќе слушнете дека вљубениот пар не изневерува, почитува и поддржува.
Во одреден момент од врската или бракот, сите имаме „црни“ мисли и лоши размислувања за тоа како партнерот би не изневерил со поубава и попривлечна жена од нашето опкружување. Сепак, ова може да ви даде појасен одговор, како мажите ги избираат своите љубовници.
Имено, спроведеното истражување во кое учествувале 1.300 испитаници покажало дека дури 27 отсто од мажите, доколку се незадоволни од својата врска, би се обиделе да заведат колешка од работа!
Иако при првото спомнување на љубовница се замислува некоја неверојатно секси жена, вистината е дека тоа не мора да биде така, туку често се работи само за личност која е блиска со мажот и која веројатно ви ја спомнал, во одреден момент.
Значи, мажите најчесто за љубовница избираат жена која веќе ја познаваат.
Секако, има и такви кои би сакале да запознаат некоја нова и да имаат секс за една вечер, а потоа да продолжат со животот како ништо да не се случило.
Информациите кои ќе предизвикаат сомнеж кај речиси секоја жена се дека дури 99 отсто од анкетираните мажи (додуша, испитаниците се од сајтови за запознавање прељубници) веќе имале афера или сериозно размислуваат да започнат. Повеќето од нив како мотив го наведуваат сексот, кој би ги задоволил сите нивни потреби.