Актерката Мишел Фајфер (64), која важеше за една од најубавите жени во Холивуд, ја покажа својата природна убавина и објави фотографија на која нема ни трошка шминка.
– Нема подобар начин да го поминам 4-ти јули отколку со моите две прекрасни и брилијантни сестри. Среќна, среќна јас. Се надевам дека и вие сите имате убав ден – напишала Мишел со објавата на Инстаграм.
Следеа многу коментари, а ние ви пренесуваме еден интересен:
“Не застанувам често и коментирам на профилите на познатите личности. Но, морам да кажам, благодарам. Ви благодарам што не го наполнивте лицето со филери, ви благодарам што си дозволивте природно да стареете”.
Актерката секој ден им дава домашна задача на своите помлади колешки, бидејќи иако зачекори во седмата деценија од животот, сепак изгледа фантастично.
Мишел беше во брак двапати. Во 1993 година се омажи за продуцентот Дејвид Е. Кели, со кој е во брак и денес. Двојката има две деца, синот Џон Хенри (26) и ќерката Клаудија Роуз (28).
Во Холивуд се зборуваше дека таа го завела и актерот Џон Малкович.
За време на нејзината богата кариера, имаше забележителни улоги во филмовите како „Брилијантин 2“, „Лице со лузна“, „Свадба со мафијата“, „Вештерките од Иствик“.