Повеќето луѓе нанесуваат лак директно на косата за сè да биде под контрола. Фризер откри зошто е тоа погрешно.
Професионален фризер од Њујорк сподели видео на „TikTok“ во кое објаснува подобар начин за нанесување на лак за коса кој ќе ги задржи „дивите прамени“ цела вечер.
Мет, стилист од Њујорк кој има профил на „TikTok“ под името @mattloveshair, ја покажа популарната техника.
– Не правете го ова за да ги измазните прамените на косата – ќе ви го одземе волуменот.
Наместо тоа, Мет ги охрабри своите следбеници да прифатат алтернативна техника за разлетувањето да биде што е можно помало – а волуменот постојан. Потоа покажа како подобар метод е да го испрскате лакот на вашата дланка, па нежно да поминете со раката низ косата.
Тој во натписот на видеото додаде: „Во лето, влакната што се разлетуваат може да бидат неверојатно непослушни“.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
– Сакам да користам лак за коса за да ги скротам, но мора да бидете многу внимателни со него – вели тој во видеото.
1,2 милиони следбеници изјавија дека се многу благодарни за овој совет за постојана фризура и му се заблагодарија што го сподели овој едноставен трик со нив.
Еден напиша: „За неколку секунди учам од тебе повеќе од кој било друг“.
Друг коментираше: „Само сакав да кажам дека те сакам тебе и твоите видеа“.
– Ти си мојот спасител кога не знам што да правам со мојата грива – напишала една жена.
– Ми помогна повеќе од кој било фризер кај кој сум била – напишала друга жена.