Има многу симптоми на корона вирусот кои укажуваат дека ја имаме инфекцијата, но британскиот „Експрес“ пишува за еден симптом кој останува долго по инфекцијата.
Еден од често споменуваните симптоми на Ковид е заморот кој се чувствува долго откако ќе помине инфекцијата, па дури и по одмор и добар сон.
Ова се резултатите собрани од онлајн интерактивна платформа за пациенти со пост-ковид синдром и укажуваат на чувство на замор после вежбање или долг период на концентрација.
Понекогаш овој замор може да се појави во ситуации кога ни се чини дека не е нормален.
– И покрај одморот и добриот сон, заморот настанува по минимален напор, ја продолжува и ограничува вашата вообичаена активност – објаснуваат претставниците на оваа платформа.
Наодите сугерираат дека на луѓето им било тешко да се концентрираат и да се присетат на одредени спомени.
– Заморот е многу често чувство по вирусни инфекции како што е Ковид и обично исчезнува по две или три недели. Сепак, кај некои луѓе тоа може да трае со недели, па дури и месеци – предупредија тие.