5 суптилни начини да изградите емоционална привлечност со личноста која ја посакувате

popara14 јули, 20221min00
shutterstock1797492745-830x0

Кога ви се допаѓа како некој изгледа, можете да се заљубите на прв поглед. Но, ако сакате вашата љубовна приказна да трае долго, неопходно е да постои емотивна привлечност.

– За секоја успешна емотивна врска потребно е да има и физичка и емоционална привлечност – вели експертот за врски Емили Мендез.

Таа додава дека физичката привлечност може да исчезне, но емоционалната привлечност обично трае долго.

– Тоа е она што ги држи двајцата партнери ангажирани за врската да трае што подолго – објаснува Мендез.

Таа и нејзините колеги откриваат начини на кои партнерите можат да изградат емоционална привлечност.

1. Посветете им го вашето неподелено внимание

Не мора нужно да водите филозофски разговори за да заинтересирате некој за вас. Кога сте во близина на личноста за која сте заинтересирани, оставете го мобилниот телефон и фокусирајте се на она што ви го кажува „другата половина“.

Кога вашето внимание е насочено само кон една личност, тие ќе го забележат тоа и полесно ќе ви се отворат.

2. Држете контакт со очите

Кога се однесувате кон друга личност со вистинска емпатија и почит, полесно е да воспоставите емоционална привлечност.

Еден начин да го направите ова е да остварите контакт со очите. Но, бидете внимателни: ако непристојно зјапате во другата личност, тоа повеќе ќе го доживее како непријатност отколку како желба за поврзување.

3. Поставете цврста основа за врска

Многу парови, особено ако се екстремно млади, се воодушевени ако се договорат за се и тоа го сфатат на самиот почеток на врската. Заљубувањето „преку ноќ“ може да биде и возбудливо и ризично, дури и кога се работи за долги врски.

– Ако вашата врска не се заснова на цврсти темели, лесно ќе пропадне – предупредува експертот за врски Лорел Хаус.

4. Не играјте на сигурно кога зборувате за себе

„Единствениот начин да создадете емоционална привлечност е да одлучите да бидете отворени“, вели експертот за односи Лорел Хаус.

– Ова значи дека не мора секогаш да се држите до безбедни теми како што се кариерата, вашето домашно милениче или како сте го поминале викендот. Зборувајте и за други работи, бидете отворени. Емотивната привлечност треба да биде длабока. За да го постигнете ова, треба да бидете што е можно поотворени.

Таа наведува и логичен пример:

– Ако кон личноста што ви се допаѓа се однесувате како случаен познаник, таа личност ќе почне да ве гледа така, без разлика колку и се допаѓате.

5. Направете им услуга

Кога ќе се потрудите да направите нешто за личноста која ви се допаѓа, тоа покажува дека сте размислувале за неа повеќе од времето поминато заедно.

Експертот за врски и автор Џејми Леклер не потсетува дека правењето услуга за некој што ви се допаѓа, дури и ако е мала работа, може да создаде силна емоционална привлечност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma