Британските медиуми пишуваат дека името на ќерката на Ед Ширан сегае познато. Музичарот и даде уникатно име на своето новородено девојче (родено во мај оваа година), кое го доби со сопругата Чери Сиборн.
Според таблоидот „The Sun“, ќерката на Ширан се вика Јупитер Сиборн Ширан.
– Името им се допадна на Ед и Чери и во однос на она што го претставува и поради неговата уникатност. „Сите мислат дека името Јупитер совршено одговара“, изјави извор за The Sun.
Инаку, пред Јупитер, Чери и Ед имаат ќерка по име Лира Антарктика.
Се верува дека необичното име има посебно значење за Ед (31) и Чери (30), кои ја открија изненадувачката вест за нејзиното раѓање на Инстаграм претходно оваа година, пренесува Дејли Мејл.