Направете домашен BUBBLE TEA: Луѓето полудеа по овој леден овошен чај

popara14 јули, 20221min00
Screenshot_3

Ова е новиот летен хит, а можете да го направите сами дома

 

 

Состојки

 

  • 100 гр топчиња боб (тапиока).
  • 500 мл вода

За сирупот

  • 200 гр шеќер
  • 250 мл вода

За чај

  • користете го чајот што го сакате, зелен чај, бел чај, овошен чај
  • вода да се прелие врз чајот
  • колку чај толку овошен сок или замрзнато овошје, млеко
  • ледени коцки

 

 

 

Подготовка

Најпрво сварете го сирупот од водата и шеќерот. Обично се користи 1:1.

 

Во тенџере се ставаат шеќерот и водата и се варат додека шеќерот целосно не се раствори (обичен сируп) и се остава настрана за сирупот целосно да се излади.

 

Во друго тенџере сипете вода и оставете да зоврие, кога ќе зоврие додадете ги боб топчињата и варете ги околу 15 минути.

 

Исклучете го шпоретот, поклопете и оставете го да отстои уште 15 минути.

 

Процедете ги и ставете ги во изладениот сируп. Се чува во фрижидер во затворена тегла и вака приготвениот bubble чај може да се чува во фрижидер околу 7 дена, доколку остане подолго ќе се стврдне и повеќе не е употреблив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma