Раперскиот брачен пар Карди Би и Офсет неодамна го прославија четвртиот роденден на својата ќерка Култура, а за нејзиниот роденден и дадоа 50.000 долари во готовина.
Раперскиот брачен пар Карди Би и Офсет неодамна го прославија четвртиот роденден на својата ќерка Култура, а за нејзиниот роденден и дадоа 50.000 долари во готовина.
Офсет на својот инстаграм објави видео од својата ќерка. На видеото, девојчето ѕирка низ прозорецот на автомобилот, а во раката држи куп уредно свиткани и врзани банкноти. Карди Би седи до неа и ја прашува: „Што е тоа?“ Девојчето одговара дека во раката држи „билет“ кој е сленг за милион долари.
Офсет ѝ вели дека сепак не е „билет“: „Тоа е „билет“? „Билет“ е милион, девојко. Ова е педесет. Кажи педесет“.
Ова не е првпат Карди Би и Офсет да купуваат скапи подароци за својата ќерка. За посета на Дизниленд во март оваа година, девојчето било облечена во скапиот моден бренд „Баленсијага“, а Офсет еднаш и подарил чанта „Биркин“ вредна 8.000 долари.
Карди Би во една прилика ги коментираше негативните реакции на фановите за скапите подароци, велејќи дека луѓето би зборувале лоши и дека таа се облекува скапо, а детето изгледа како „клошар“.
„Затоа не сум лута што тато на девојчето му купи „Биркин“. Ќе биде ускладена со мама“, додала раперката.