Направете вкусна торта со пишкоти и чоколадо за сите во домот
Најубавите торти сега можете да ги направите дома, дури и ако не сте многу искусна домаќинка.
Состојки:
- 200 гр пишкоти
- 300 мл слатка павлака
- 400 гр маскарпоне или крем сирење
- 100 гр шеќер во прав
- 150 гр нутела
- 150 гр бело чоколадо
- 350 мл млеко
- 15 гр какао
Подготовка:
Потопете ги пишкотите во млеко, па наредете ги на дното на калап со димензии 12х20 см. Убаво изматете ја слатката павлака, крем сирењето и шеќерот во прав.
Смесата поделете ја на 2 дела, во едниот додадете Нутела, а во другиот стопеното бело чоколадо. Добро соединете. Најпрво прелијте ги пишкотите со белиот фил, па уште еден ред пишкоти, па црниот фил и повторно пишкоти. Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер 2 часа. Поросдете со какао.