Мал и ефективен: Три идеи со кои вентилаторот уште повеќе ќе ви ја разлади просторијата

popara14 јули, 20221min00
62335592-ventilator

Ако сакате да одморите од ладењето со клима уред и да заштедите пари, не мора да бидете осудени на прегреан простор во вашиот дом. Ако имате веќе заборавен вентилатор, со неколку реквизити можете да го зголемите неговиот капацитет за ладење

Денес летните месеци станаа незамисливи без клима уреди кои го олеснуваат работниот ден и помагаат да заспиете. Но, можеме и да ги „злоупотребуваме“ и да го подложиме нашето тело на температура многу пониска од препорачаната (внатрешниот простор не треба да биде постуден од 9 степени во однос на надворешниот).

Разликата помеѓу температурата на оладениот и надворешниот воздух не треба да биде поголема од 9 степени

И како што греењето остава свој белег на домашниот буџет во зимските месеци, подеднакво влијае и сметката за струја зголемена од работата на климата.

Токму затоа ви носиме три алтернативни предлози кои ќе ве разладат, без да замрзнете откако ќе ја погледнете сметката или претерано изладен простор.

1. Ставете широк, плиток сад (како сад од рерна) пред вентилаторот и наполнете го со коцки мраз. Така, воздухот што дува од вентилаторот ќе биде постуден од воздухот на собна температура, а неговата свежина ќе трае додека не се стопи мразот.

2. Наместо контејнер со мраз, ставете шише со замрзната вода пред главата на вентилаторот.

3. Ставете коцки мраз во крпа, завиткајте го за да остане мразот внатре во пешкирот и врзете го помеѓу мебел пред вентилаторот. Насочете го вентилаторот кон крпата за да се излади воздухот. При ваков тип на ладење поради топењето на мразот потребно е да се стави сад под пешкирот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma