Знаеме дека месото е една од клучните намирници што сите ја користиме во кујната, но неговото подготвување често ја покрива целата кујна со маснотии. Ако сте се обиделе да ги избришете со крпа или влажни крпи, знаете дека тоа не било многу успешно.
За среќа, овој трик ќе ви го олесни животот и ќе ја остави вашата кујна совршено чиста. Се што ви треба е сунѓер.
Примена:
Намокрете го сунѓерчето, но внимавајте да не се намокри целосно. Ставете го во микробранова печка и загрејте го 20-30 секунди. Внимателно извадете го за да не се изгорите.
Додека сунѓерот се загрева во микробранова печка, испрскајте ги мрсните делови од кујната со средство за чистење на база на цитрус. Сега земете топол сунѓер и отстранете ја маснотијата за секунда!