Се борите со ЦЕЛУЛИТОТ? Докторка објасни која храна најмногу влијае на неговото настанување

popara16 јули, 20221min00
shutterstock_677892286

Целулитот настанува како резултат на прекумерно зголемување на волуменот на клетките на масното ткиво, сместени помеѓу мускулите и кожата, поради што се појавува таканаречената „кора од портокал“.

Многу жени кои се борат со овој проблем се чувствуваат непријатно секогаш кога треба да облечат кратко здолниште или шорцеви, а камоли костим за капење.

Според руската докторка Марија Черњаева, целулитот може да настане како резултат на лоши метаболички процеси во поткожното масно ткиво.

– Целулитот е заболување на поткожното масно ткиво кое кај жените главно се формира во пределот на бутовите. Не е штетно по здравјето, туку се смета за естетска мана – изјави докторката.

Таа објасни дека постојат различни ефективни методи кои секоја жена може да ги користи, но дека коренот на неговото потекло е најчесто исхраната. Токму поради оваа причина, потребно е да се работи на корекција на намирниците кои секојдневно се внесуваат во организмот, за да не се појави целулит.

– Во исхраната мора да го намалите внесот на едноставни јаглехидрати, шеќер – храна која придонесува за зголемување на телесната тежина и нерамномерна распределба на поткожното масно ткиво. Во некои случаи, треба да ги намалите млечните производи бидејќи содржат лактоза, млечен шеќер кој сам по себе придонесува за отекување и формирање на масни наслаги. Подобро е да јадете млечни производи во првата половина од денот, бидејќи ако, на пример, пиете кефир навечер, наутро ќе се разбудите отечени, со ќесички под очите, а целулитот на нозете ќе биде повеќе забележлив – објасни д-р Черњаева.

Таа советува во исхраната да внесете незаситени, корисни масти, а штетната и лоша храна да ја внесувате во што помали количини. Затоа брзата храна е дозволена многу ретко.

Производите од бело брашно се богати со овие лоши јаглехидрати. Потоа следува преработената храна, односно бројни грицки, како слатки, чипсови, колачи и слично. Избегнувајте го и белиот компир.

Исто така, пијте многу вода. Докторот посочува дека секој може да пресмета колку вода му треба на дневна основа. За секој килограм телесна тежина пијте 30 ml вода.

Козметичките третмани, како што се разни масажи, исто така можат да бидат корисни. Покрај тоа, редовното вежбање може да придонесе за намалување на целулитот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma