Кијану Ривс: „Би сакал да го глумам „постариот“ Бетмен“

popara17 јули, 20221min00
matrix-13-830x0

По повод премиерата на анимираниот детски филм „DC League of Super Pets“ во Лос Анџелес, познатиот канадски актер Киану Ривс изрази желба да ја игра улогата на „стар“ Бетмен во едно од продолженијата на легендарниот филм, објавија американските медиуми.

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на анимираната семејна комедија „DC League of Super-Pets“ која раскажува за милениците кои се суперхерои од Justice League. Актерот Киану Ривс го „оживеа“ Вејн, легендарниот лик на Бетмен, со неговиот глас.

Покрај Ривс, во овој анимиран филм својот глас го дадоа и познатите актери Кевин Харт и Двејн Џонсон.

„Го сакам Бетмен, како лик. Го сакам во стриповите, во филмовите, па беше одлично што добив можност да му го позајмам гласот на овој херој“, рече Ривс на премиерата, додавајќи „тоа би било остварување на сонот да го играм Бетмен, но како постар човек во едно од продолженијата“.

Улогата на Бетмен во овогодинешната „жива“ продукција ја доби познатиот англиски актер Роберт Патисон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma