Доколку сакате БЛЕСКАВА НАСМЕВКА треба да ги консумирате ОВИЕ НАМИРНИЦИ

popara17 јули, 20221min00
profimedia-0351394341

За да имате блескава насмевка важно е да внесувате храна богата со калциум и фосфор

 

 

 

На здравјето на вашите заби влијае оралната хигиена, генетиката и начинот на исхрана.

 

Нашите заби се органи кои во својот состав имаат калциум и фосфор, чиј недостиг може да биде причина за ерозија на забите и да доведе до многу дентални болести. Затоа е потребно да ги внесувате во вашата исхрана што почесто. Двата минерали можат да се пронајдат во храната од животинско и растително потекло.

 

Еве која храна е добра за вашите заби и што таа содржи:

 

Млечното сирење има високо ниво на протеини, минерали и јаглени хидрати. Сирењето ја снижува киселоста во устата и со тоа го намалува забниот плак – бактерија која влијае врз создавањето на забни болести како што се кариесот и гингивитисот.

 

Млекото има слична улога како и сирењето, ја неутрализира киселоста во устата и со тоа спречува развој на бактерии во усната празнина. Млекото содржи доста калциум и фосфор а уште една предност кога пиете млеко е тоа што неговата бела боја може да ги избели забите.

 

Семките од тиква се едни од најпознатите извори на фосфор кој исто како и калциумот е важен за нашиот организам и здравје. Неговиот недостаток предизвикува доста воспаленија на забите.

 

Витаминот Ц го ублажува процесот на инфламација во организмот и помага при продукцијата на колаген што е важно во одржувањето на забите.

 

За здрави заби исто така се препорачува и конзумирање јагоди. Јагодите се најдобар избор за здрави и бели заби. Тие содржат доста витамин Ц и млечна киселина која ги одржува непцата.

Исто така тука спаѓаат и јаболката. Тие имаат голем број витамини, антиоксиданси и природни сокови кои се одлични за забите.

 

Целерот кој е тврд корен содржи голем број на влакна и антиоксиданси. Тој исто така ја неутрализира киселоста во устата и спречува развој на бактерии кои доведуваат до кариес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma