Без скапи третмани и трошење пари: 4 најдобри начини за отстранување на стриите

popara18 јули, 20221min00
Screenshot_21

Стриите никогаш не можат целосно да исчезнат, но овие состојки ќе ги направат речиси невидливи!

 

 

Стриите се големи непријатели на сите жени. Колку и да се трудиме да го сакаме своето тело и да го прифатиме такво какво што е, се чини дека за повеќето жени оваа задача е апсолутно невозможна, па затоа порталот Happy Republic се обиде да најде природни состојки кои ќе ви помогнат да ги уништите.

 

Стриите се јавуваат во средниот слој на кожата, а најчесто може да се забележат на стомакот, бутовите, грбот, рацете и нозете. Иако нивното појавување најчесто е поврзано со бременост, причината за оваа појава може да биде и наглиот раст, наглото слабеење или дебелеење. За жал, не е можно целосно да се отстранат, но можно е да се намалат.

 

Сок од компир

Сокот од компир може да помогне при стрии поради витамините што ги содржи. За да го направите сокот, исечете ги компирите со средна големина на дебели кришки, а потоа втријте по едно парче на вашата кожа која е покриена со стрии. Направете го ова неколку минути, а потоа оставете го да се исуши неколку минути. Кога тоа ќе заврши, измијте го местото со млака вода.

 

Шеќер

Помешајте една лажица шеќер со малку бадемово млеко и неколку капки сок од лимон. Секој ден пред туширање тријте ја оваа смеса на местата со стрии и гледајте како стриите стануваат посветли.

 

Маслиново масло

Масирајте топло чисто маслиново масло на кожата оштетена од стрии, тоа ќе ја подобри циркулацијата и во голема мера ќе ги намали стриите. Оставете да отстои половина час за кожата да ги апсорбира витамините А, Д и Е присутни во маслото.

 

Сок од лимон

Поради својата природна киселина, сокот од лимон е доста ефикасен во решавањето на сите проблеми со кожата. Со кружни движења нежно втријте ги стриите со свеж сок од лимон. Оставете ја кожата да го впие сокот од лимон, најмалку 10 минути пред да исплакнете со топла вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma