Штиклите кои Кејт Мидлтон не ги соблекува, а има и колекција од дури 12 пара од нив во различни бои

popara18 јули, 20221min00
kejt-midlton-830x0

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон со години ги поставува модните трендови и е моден модел за жените ширум светот.

Таа за еден ден се трансформира од мајка на три деца во една од најфотографираните жени на светот, а на кралските обврски секогаш е беспрекорно дотерана. Сите аутфити се заокружени со атрактивни салонки, кои Кејт ги носи со голема леснотија.

Војвотката се појави со принцот Вилијам во музеј за време на откривањето на нивниот заеднички портрет, а за оваа прилика Кејт избра многу елегантно и впечатливо издание во сино-виолетови тонови.

Шарениот фустан беше одлично искомбиниран со светло сина долга јакна, а на нозете носеше сини сандали „Emmy London“ со потпетица од 10 сантиметри кои целото издание го подигнаа на повисоко ниво.

Брендот „Emmy London“ е основан од Еми Скартерфилд и најпрво оваа модна компанија се специјализираше за свадбени чевли, подоцна нудејќи помалку формални стилови.

Според порталот „Katemiddletonstyle.org“, Кејт е голем љубител на овој моден бренд на чевли. Очигледно, војвотката поседува дури 12 пара чевли Emmy London, а во нашата галерија можете да погледнете во кои изданија ги носела овие чевли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma