Кога ќе дојдат летните температури, чистењето на домот не ни е така лесно. Доволна е топлината на самиот воздух, без апарати за домаќинство кои дополнително ја загреваат куќата.
Една жена дошла на идеја воопшто да не ја вклучува правосмукалката во текот на летните денови.
Софи Хинчлиф на својот Инстаграм профил откри трик кој воодушеви многу корисници на Инстаграм кои имаат проблеми со чистењето на теписите. Имено, таа открила дека тепихот може да се исчисти со помош на гума за миење прозорци.
Софи нежно ја влечела гумата по површината на тепихот, отстранувајќи ги влакната и прашината од него. Многумина набрзо го копираа нејзиниот потег и беа воодушевени од резултатите.
Други корисници напишаа дека бришачот ќе биде нивниот најголем партнер во чистењето на куќата од сега па натаму.
– Мислев дека мојот тепих е чист додека не го пробав овој трик. Вечерва на овој начин ќе ги исчистам сите теписи во куќата – напишал еден од корисниците на Инстаграм.