Рецепт за Рататуј (Ratatouille): Совршено француско јадење полно со витамини кое лесно се спрема!

popara19 јули, 20221min00
32813_shutterstock-1418865638_f

Состојки:

2 модри патлиџани
2 тиквички
2 пиперки
2 домати
50 мл маслиново масло
мешавина од зачини (мајчина душица, рузмарин, ловоров лист, риган, жалфија, оригано)

За сосот:
1 голем кромид
500 мл сос од домати
1 лажичка шеќер, сол
зрна бибер

Начин на подготовка:

Во доматниот сос додајте сечкан кромид, сол, шеќер, неколку зрна бибер, маслиново масло. Во садот за печење истурете го доматниот сос со кромидот, па врз него наредете го зеленчукот.

Измиениот и исушениот зеленчук исечкајте го на тенки прстени од тиквички, модар патлиџан, домат и пиперка. Зеленчукот наизменично наредете го во круг, посолете, прелијте го со маслиново масло, посипете со мешавина од зачини. Над садот ставете алуминиумска фолија.

Ставете го рататујот во загреана рерна на 180С 30 минути, а потоа извадете ја алуминиумската фолија и печете уште 15 минути.

Рататујот печен во рерна послужете го како предјадење, одлично се комбинира со овчо или козјо сирење со рустикален леб или како додаток на месо.

НАПОМЕНА: Зеленчукот треба да биде со слична големина за полесно и подобро да се вклопи. Овој рецепт навистина ќе ви се допадне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma