Многу е жешко, па најдобро е да готвите едноставни и брзи јадења, односно сѐ ќе биде готово за половина час, а сепак вкусно.
За овој рецепт можете да користите тестенини по ваш избор.
Состојки за 4 лица
- 400 гр чили тестенини или некои со пиперка
- 200 гр сува сланина
- 200 гр шампињони
- 500 мл крем за готвење
- 40 гр рендан пармезан (1 кесичка)
- 2-3 лажици масло
- сол, бибер, лист од магдонос
Подготовка
Веднаш сипете вода во тенџерето и ставете го на оган.
Во длабока тава ставете ситно сечкана сланина и масло.
Сланината пропржете ја на средна температура, внимавајте да не изгори. Додадете ситно сечкани шампињони, неколку лажици вода и сè заедно измешајте кратко додека да испари водата.
Истурете го неутралниот крем и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие додадете половина кесичка или 2 лажици пармезан и тргнете го од оган.
Варете ги тестенините 5 минути, исцедете ги и истурете ги во тавата со сланината. Додадете сол, бибер, магдонос.
Промешајте, вратете уште малку на тивок оган, пастата да се ослободи и да го впие вишокот вода од кремот и е готово.
Можете да ставите зачини и печурки на листови по ваш вкус.
Секоја порција посипете ја посебно со рендан пармезан.