Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов заминаа за Невада за да се венчаат на церемонија во Лас Вегас.
Џеј Ло на свадбената церемонија носела два фустани – едниот раскошна венчаница на Зухаир Мурад со тантела, а другиот бил вистинско изненадување, бидејќи во него изгледала многу „прибрана“.
Погледнете ТУКА
Минималистичкиот фустан е всушност винтиџ парче од филм, откри пејачката.
„Значи, со најдобрите сведоци што некогаш можевте да ги замислите, фустан од стар филм и сако од плакарот на Бен, ги читавме нашите сопствени завети во мала капела и си дадовме прстени што ќе ги носиме до крајот на животот“. Имаа дури и Bluetooth за (краткиот) марш до олтарот. Но, на крајот тоа беше најдобрата можна венчавка што можевме да ја замислиме. Онаква за каква одамна сонувавме и која ја остваривме по долго, долго време“, рече Џенифер, додавајќи дека фустанот долго време го чувала за посебен ден
Погледнете ТУКА
Другата гламурозна венчаница на Џеј Ло има деколте, со отворени рамена, долги чипкани ракави и корсет. Дополнета е со соодветен вел со тантела. Венчаницата е од невестинската колекција на Зухаир Мурад за пролет 2023 година.
El vestido de novia que utilizó Jennifer López para su boda con Ben Affleck pertenece a la colección de novias primavera 2023 de Zuhair Murad.
Análisis del vestido disponible en YouTube 🧚https://t.co/XR236em7hJ pic.twitter.com/g0W1oLoLyy
— the fashion rockstar’s gf (@rcksgf) July 18, 2022
Венчавката се одржа речиси 20 години откако парот ја откажа свршувачката поради „прекумерното медиумско внимание“. По средбата на снимањето на филмот „Џигли“ во 2002 година, Џеј Ло и Бен започнаа романса и добија заедничко име „Бенифер“, кое им го дадоа обожавателите.