Зошто е добро половина час пред спиење да изедете банана?

popara20 јули, 20221min00
62344423 (1)

Обично сме навикнати да јадеме банани наутро, за ужина или во ситуации кога ќе забележиме дека ни треба шеќер. Тоа е еден од најпопуларните видови овошје кое содржи витамин Б6, калиум, влакна и магнезиум, но и големо количество шеќер, поради што не се препорачува да се јаде премногу.

Меѓутоа, во малку неочекувана ситуација и бананите можат да бидат добар избор и да помогнат при проблемот кој ги мачи голем број луѓе – несоницата. Несоницата спаѓа во групата на болести на нервниот систем. Се карактеризира со отежнато заспивање, многу лесен сон и често будење во текот на ноќта со потешкотии за повторно заспивање. Несоницата се дели на минлива или краткотрајна, повремени и хронични или постојани.

Кога сме вознемирени од несоница, често посегнуваме по разни препарати со надеж дека ќе ни помогнат да заспиеме побрзо и да не се будиме во текот на ноќта. Бананите исто така можат да помогнат, барем така тврди д-р Алан Мандел, алтернативен лекар, кој вели дека ако имате несоница, да јадете банана половина час пред да си легнете.

Имено, бананите се полни со витамин Б6, кој делува така што аминокиселината триптофан, важна за добар сон и расположение, ја претвора во серотонин, невротрансмитер кој го контролира лачењето на мелатонин во епифизата во мозокот. Хормонот мелатонин, познат и како хормон за спиење, го контролира нашиот внатрешен часовник и неговото зголемено лачење прави да се чувствуваме поспани навечер.

Изедете банана половина час пред спиење за да спиете подлабоко и да се разбудите освежени, советува д-р Алан Мандел. Пробајте, можеби и вам ќе ви помогне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma