Бојата ќе трае подолго: Едноставни трикови благодарение на кои ќе го зачувате тенот

popara20 јули, 20221min00
Screenshot_5

Пробајте

 

 

Со помош на овие четири начини, вашата кожа долго ќе биде темна, а бојата ќе избледи многу помалку.

 

 

  1. Избегнување на силни гелови за туширање

 

Избегнувајте ги сите производи за туширање и миење коса кои содржат груби хемикалии. Прочитајте ги декларациите и одберете гел за туширање или шампон кој е поблаг, содржи повеќе природни состојки и е понежен за кожата. Дополнително, пожелно е да се капете во млака вода, а да избегнувате топла или ладна вода.

 

  1. Не ја тријте кожата со крпа

 

Треба да се избегнува агресивно триење на кожата со крпа после капење. Малку натапкајте ја кожата со фротир или мека крпа, а потоа се препорачува да нанесете бебешко масло. Потоа оставете ја кожата целосно да се исуши и да го впие маслото.

 

  1. Почест престој под сенка

 

Можеби ви звучи парадоксално, но ќе го одржите тенот со тоа што ќе останете под сенка! Имено, и таму стигнуваат сончевите зраци, но послаби од оние на директна сончева светлина. Така ќе ја задржите бојата. Покрај тоа, пијте многу течности во текот на денот, бидејќи хидратацијата на телото исто така игра важна улога кога станува збор за одржување на бојата.

  1. Повеќе портокалова и зелена храна

 

Одредени овошја и зеленчуци содржат повеќе каротеноиди. Каротеноидите се потребни за да се одржи тенот што е можно подолго. Јадете повеќе кајсии, јаболка, праски, моркови, домати, пиперки итн.