Меган Маркл не ги крие своите феминистички ставови, а во едно неодамнешно интервју, додека зборуваше за абортусот, откри дека нејзините ставови ги дели и нејзиниот сопруг, принцот Хари.
„Мажите мора да зборуваат, сега и тогаш, бидејќи тоа се одлуки кои влијаат на односите, семејствата и заедниците. Жените можеби се метата овде, но последиците ќе не погодат сите нас. Мојот сопруг и јас зборуваме многу за ова последниве денови. Тој е исто така феминист“, рече таа на темата забрана за абортус и додаде дека и на неа и на Хари им се гади од таа одлука.
Меган го даде ова интервју на познатата политичка активистка и една од феминистичките икони Глорија Стајнем, а новите фотографии направени во Њујорк откриваат дека тие две се блиски, каде што Меган се гушка и ја држи за рака 88-годишната активистка.
Меган ја задржа насмевката на лицето и облече кратки сини панталони и бела блуза, а половината ја истакна со кафен појас, кој претходно не ни помислуваше да го носи како член на кралското семејство. Таа носеше штикли од Маноло Бланик. Глорија носеше едноставна црна комбинација, единствено што се издвојуваше беше ременот со голем златен детаљ.
Според Дејли Мејл, Глорија Стајнем ја вклучила Меган во нејзината борба за американскиот Конгрес да го ратификува амандманот за еднакви права, предложен амандман што треба да биде вклучен во Уставот на САД и ќе гарантира еднакви законски права на сите американски граѓани без разлика на нивниот пол.