Многу е едноставно да се направи
Од време на време, треба да се одморите од месото и да се свртите кон поздрави опции.
Дефинитивно тоа е зеленчукот во која било форма, особено во салата.
Ледената салата, која е популарна во последно време, е вистинскиот избор во текот на летото. Ќе ви обезбеди енергија и ќе ве освежи, а се подготвува за час.
Состојки:
5-6 средни компири
450 гр замрзната слатка пченка
5-6 кисели краставички
200 мл мајонез
180 мл кисела павлака
сол по вкус
лист магдонос за декорација
кашкавал по избор
прстени морков
Подготовка:
Сварете ги компирите и оставете да се изладат. Обарете ја пченката и оставете ја да се излади. Киселите краставички исечете ги на мали парчиња. Измешајте ги мајонезот и павлаката, па посолете по вкус. Во сад изрендајте ред компири на крупно ренде, па посолува по вкус.
Ставете 2 лажици прелив од мајонез и павлака и притиснете малку со лажица за да се пополни просторот помеѓу компирите.Посипете со пченка и краставици. Повторувајте се додека има материјал. Последниот слој треба да биде компир покриен со мајонез и павлака. Изрендајте кашкавал и украсете по желба. Пријатно!