Г-дин и г-ѓа Клуни уживаат во семејниот одмор во Италија: Амал ја знае тајната на летната елеганција (ФОТО)

popara22 јули, 20221min00
profimedia-0708671067-830x0

Џорџ Клуни од апсолутен ерген стана апсолутно прекрасен семеен човек. Причината се неговите деца – Александар и Ела Клуни, кои ги доби со адвокатката Амал Клуни.

 

 

 

Кога ги добиле децата, Клуни одлучиле животот на нивните деца да биде приватен, па било одлучено тие никогаш да не се прикажуваат јавно, ниту преку социјалните мрежи.

 

Ова предизвика низа мистериозни приказни меѓу обожавателите, сите на тема: „Што се случува со децата на Џорџ Клуни?“

 

Првите мистерии почнаа да се откриваат кога се дозна дека децата се родени, а ниту Амал ниту Џорџ претходно јавно не зборуваа за бременоста и бебињата. Кога добија близнаци во јуни 2017 година, се роди мистериозната приказна број 2.

 

Имено, сите велеа дека парот отишол на ин витро, со оглед на тоа дека и двајцата биле во поодминати години, но Џорџ тоа го демантираше. Актерот неколкупати изјави дека децата се зачнати по природен пат и дека дури на ултразвукот виделе дека се работи за близнаци.

 

Иако децата ги држат подалеку од очите на јавноста, приказните за родителството на Џорџ Клуни се многу популарни.

 

Близнаците имаа речиси две години кога Клуни откри дека децата се весели: „Ставаа путер од кикирики на чевлите, за да изгледа како да згазнале во измет. Мислат дека тоа е урнебесно”, раскажа актерот.

profimedia-0708671143-830x0
profimedia-0708671163-830x0
profimedia-0708671223-830x0

„Александар сака да се шегува, а Ела е многу сериозна. Таа секогаш се грижи да играат според правилата. Тие навистина имаат две сосема спротивни личности“, сподели Клуни.

 

„Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако некое списание ги стави нивните лица на насловна страница. Никогаш не сме продавале слики од нашите деца, не ги споделуваме на социјалните мрежи, бидејќи знаеме дека тоа би ги загрозило нивните животи. Ова не е параноја, ова е вистинска опасност“, изјави Клуни, мислејќи на фактот дека Амал има кариера што може да ги доведе нејзините деца во сериозна опасност.

 

Познато е дека Амал е адвокатка за човекови права и зборува и работи против сериозно опасни поединци и организации. Поради идејата дека некој може да ги искористи нејзините деца за да ѝ се одмазди, децата на Клуни ќе останат анонимни до понатамошно известување.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma