АКО САКАТЕ да изгубите тежина, јадете го овој зеленчук – богат е со железо и магнезиум

popara22 јули, 20221min00
589402_blitva_f

Доколку забележите дека брзо се дебелеете, решението е да го забрзате метаболизмот и да го направите тоа природно! Нутриционистите советуваат да се јаде повеќе спанаќ кој е богат со железо и магнезиум, а овие два минерали се неопходни за регулирање на тежината.

Имено, поради ниското ниво на железо во организмот, често сме уморни и троми, поради што ретко се решаваме да вежбаме, а килограмите се таложат.

Без магнезиум, нашето тело нема ефикасно да ги обработува калориите од храната.

Спанаќот може да се јаде и сиров и варен, како оброк и салата или како смути.

По желба можете да додадете и ѓумбир, целер и сок од лимон.

Подготовка на спанаќот

Наједноставниот начин за подготовка на спанаќот е бланширање. Тоа значи да го ставите во зовриена, малку посолена вода – неколку минути ќе бидат доволни. Промешајте неколку пати и веднаш процедете. Секако, пред бланширање, добро измијте го.

После тоа, подгответе го на вообичаен начин:

Во тава загрејте малку масло и пропржете го сечканиот лук. Додадете една лажица брашно и измешајте додека не побели. Промешајте. Кога се ќе се загрее и ќе почне да се згуснува, малку по малку додавајте млеко. Потоа додадете го бланшираниот спанаќ и зачини и послужете со ручекот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma