Новопечениот пар ужива на медениот месец
Џенифер и Бен Афлек неодамна го кажаа судбоносното „да“. Тие моментално уживаат на меден месец во еден од најромантичните градови во светот. Двојката реши да отпатува за Париз, придружувана од ќерките на Бен од првиот брак.
Првите фотографии од оваа позната двојка ја потврдуваат изјавата на матичарот од венчавката која се одржа минатата сабота:
„Сум имал над 10.000 свадби и од оваа позиција во животот можам да проценам парови – навистина чувствувам дека ова меѓу нив е вистинско.
Двојката беше фотографирана веднаш штом пристигнаа во Градот на светлината. И двајцата беа во лежерни изданија, а подоцна фотографирани во малку поелегантни комбинации.
Џенифер блесна во прекрасен црвен фустан, додека Бен се одлучи за класичен костум кој го комплетираше со беж вратоврска.
Да се потсетиме, парот се венча минатата сабота во Лас Вегас. Венчавката се одржа нешто повеќе од една година откако во мај 2021 година ја обновија старата љубов која започна пред две децении и прекина во 2003 година.