Заштитете се од претстојниот ТОПЛЕН БРАН: Обрнете внимание и зачувајте го здравјето

popara23 јули, 20221min00
Screenshot_10

Топлината може лошо да влијае на здравјето.

 

 

Светската здравствена организација го дефинира топлотниот бран како период од 3 или повеќе дена во кои дневната температура ги надминува критичните вредности.

 

 

Топлотниот бран може да доведе и до здравствени проблеми, вклучувајќи топлотен стрес, топлотен осип, топлотен едем, топлотна синкопа, топлотни грчеви, исцрпеност и топлотен удар.

 

Се препорачува редовно да се пресоблекувате и да вашата облека нека биде изработена од светли летни материјали со светли бои кои овозможуваат пропустливост на воздухот. Обидете се да ја намалите физичката активност на дневна основа колку што е можно повеќе. Ако треба да ја напуштите куќата, никогаш не одете без капа или шешир. Понесете ги и вашите очила за сонце.

 

Пијте чаша вода на секои 20 минути, без разлика што можеби нема да бидете жедни во тој момент.

 

Обидете се да се прилагодите на временските и температурните услови. Не ја напуштајте климатизираната просторија веднаш на врелиот асфалт. Потрудете се температурата во просторијата да не биде драстично пониска од надворешната, затоа не претерувајте со климата. Чувајте ја собната температура под 32 степени.

 

Ако ви се случи топлотен удар, не го напуштајте ладниот простор во следните 2 дена. При секое појавување на несвестица, екстремно топла и сува кожа и чувство на збунетост, побарајте помош од лекар.

 

Најдобро би било прозорците да ви бидат затворени во текот на денот и сè да биде темно. Повлечете ги завесите и драперите, ролетните, особено ако се работи за сончева страна од куќата. Останете во најстудената соба во станот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma