
Ретроградниот Сатурн во Водолија, кому наскоро ќе му се придружи Јупитер во Овен, укажува дека треба да бидеме внимателни со финансиите. Сепак, Меркур и Сонцето во Лав им носат повеќе среќа на одредени хороскопски знаци кога се парите во прашање
Пред нас е недела во која се очекува ретрограден Јупитер, кој ќе ги преиспита сите наши планови до октомври 2022 година.
Астролозите се согласуваат дека Близнаците, Рибите, Скорпијата и Водолијата ќе имаат среќа на финансиски план.
БЛИЗНАЦИТЕ
Венера во Рак ви носи парична добивка. Тоа дури може да биде вреден подарок што ќе ви значи. Во овој период луѓето ќе ве опсипуваат со внимание и вредни работи. Бидете паметни со вложувањата бидејќи во овој период можете да купите нешто што ви недостасува во вашиот дом. Со Ракот можете да заработите дополнителни пари.
СКОРПИЈА
Ретроградниот Јупитер кој гледа на Сонцето ви носи пари кои биле задоцнети. Во овој период можете да преговарате за пари, но овие преговори ќе се пролонгираат за неколку месеци. Едно е сигурно, ако некој ви должел пари сега е време да ги наплатите.
РИБИ
Јупитер во втората куќа не дозволува да останете без пари. Венера во Рак во вашата петта куќа придонесува за вашата среќа доколку сакате да играте игри на среќа. Парите ви се „лепат“ и не треба да се грижите за тоа.
ВОДОЛИЈА
Иако Сатурн е ретрограден во вашиот знак, па чувствувате дека не напредувате, Јупитер и Нептун исто така прават добри аспекти, па ќе бидете финансиски стабилни. Имате можност да преговарате за ново деловно партнерство.