Со едноставен трик заштедила за НОВ СТАН за само три години

popara23 јули, 20221min00
Screenshot_15

Новозеланѓанката Шери Хауи стана вистински хит на интернет откако сподели едноставен трик со кој заштедила пари за нов стан за три години, а својот „рецепт“ го открила во група на Фејсбук, каде со својот начин на штедење воодушевила многумина.

 

 

 

Во 2015 година, таа купила нов стан во Оукленд, откако заштедила за него за само три години. Шери тврди дека треба да ги поделите парите што ги заработувате на три различни сметки:

 

Првата е сметка за заеднички трошоци како што се комуналии, кирија, превоз, неделен џепарлак итн.

 

Парите што планирате да ги потрошите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на лекар треба да ги префрлите на втората сметка, додека парите што сакате да ги заштедите на третата сметка.

 

– Не паѓајте во искушение да трошите пари од друга сметка за намирници или обратно, важно е да се држите до она што сами сте го одредиле – советува Шери, која објаснува дека на овој начин не мора да штедите за стан, туку за што одредена личност сака, како патување, нов автомобил…

 

Затоа, „само“ е важно да имате доволно голем приход за да можете да ги одделите парите на три различни сметки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma