Првиот трејлер за филмот „Dungeons & Dragons“: Никогаш немало подобро време да се биде гик

popara24 јули, 20221min00
dungens-and-dragons-830x0

Судејќи според првиот трејлер за претстојниот „Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves“, никогаш немало подобро време да се биде гик.

Трејлерот беше премиерно прикажан на тековниот Comic Con одржан во Сан Диего, Калифорнија, а за време на емитувањето беше присутен и писателскиот тим.

Главните улоги ги толкуваат Крис Пајн, Мишел Родригез, Реџ-Џин Пејџ и Џастис Смит, сцените откриени во трејлерот ги прикажуваат змејовите и мечевите по кои е позната фантастичната игра – но со многу хумор и многу акција.

– Шармантниот крадец и група неверојатни авантуристи одлучуваат за епски грабеж за да ја вратат изгубената реликвија, но работите тргнуваат наопаку кога ќе се судрат со погрешни луѓе – се вели во официјалниот синопсис на филмот.

Доволно шармантно, можеби, за да ги привлече масите, не само обожавателите на D&D, во театрите.

Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves ќе се појави на големото платно во март 2023 година.

Погледнете го трејлерот: