
Деталите од приватниот живот кои повеќето корисници на социјалните мрежи ги споделуваат на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ можат да бидат слатки, но истовремено и ризични.
Можеби сте премногу млади, заљубени и маѓепсани од „другата половина“ затоа што сте на почеток на врска, па не ни помислувате како објавувањето заеднички фотографии може да предизвика расправии, а понекогаш дури и раскинување. Можеби не ви е јасно зошто вашите пријатели кои се во емотивни врски треба да имаат таква привилегија, а вие не.
Но, како што вели „Yourtango“, ако се натпреварувате со други, мали се шансите да излезете како победник од таа игра.
Експертите издвоија шест грешки кои можат да ја уништат вашата емотивна врска, а кои имаат врска со социјалните мрежи.
1. Претерување
Има многу кои сакаат да ги споделат одличните моменти од својот живот со своите пријатели на социјалните мрежи. Сепак, има и такви кои мислат дека такво нешто е невкусно или себично.
Пред да одлучите да споделите некој детал од вашата емотивна врска, разговарајте за тоа со вашата „друга половина“. Можеби „другата страна“ ќе биде воодушевена од таквата идеја, а можеби и ќе ви кажат воопшто да не го правите тоа.
Во ред е да имате поинаков поглед на ситуацијата кога станува збор за споделување фотографии или детали од емотивна врска. Важно е да работите на компромисно решение.
2. Оставете го телефонот кога сте заедно
Сите ја знаеме таа слика кога двајца луѓе седат во кафуле и гледаат во својот телефон. Таквото однесување е класичен пример на меѓусебно запоставување.
Обидете се да не користите мобилни телефони и да не поминувате време на мрежи додека сте заедно. Бидете посветени еден на друг.

3. Останавте во контакт со бившиот на мрежите
Ова може да биде многу ризично, особено ако не сте сосема сигурни дали ќе одолеете да лајкнете фотографија или да коментирате на статус на бившиот. Ова може да биде поттик за љубомора на сегашниот партнер.
Поставете јасни правила со вашата „друга половина“ за тоа како ќе се однесувате со поранешните љубовници на социјалните мрежи. Ова ќе ви помогне да стекнете доверба еден во друг и вашата врска од таа страна нема да биде загрозена.
4. Заблуди
Убедени сте дека вашиот партнер е на едно место, а некој од неговите пријатели објавува на социјалните мрежи дека во тој момент се на друго место заедно.
Црвот на сомнежот е тешко да се задржи, особено ако сте на почеток на врска и не сте сосема сигурни дека „другата половина“ секогаш ја кажува вистината.
5. Проверка на објави пред спиење
Многумина не можат да замислат да спијат пред да читаат и гледаат објави, слики и видеа на пријатели на социјалните мрежи. Честопати десет минути „чекирање“ се претвораат во половина час, па дури и еден час.
Доколку живеете со партнерот, ова може да биде „камен на сопнување“ во врската, без разлика дали тој се однесува исто или оди да се одмори без мобилен телефон во рацете. Не треба постојано да го знаете секој детал од животот на вашите вистински или виртуелни пријатели.
6. Лажна слика за реалноста
Секој сака да биде во совршена врска, но совршена врска во реалниот свет не постои. Кога објавувате фотографии на кои изгледате како совршена, среќна двојка, ќе почнете да чувствувате голем притисок да го направите тоа. Затоа што сите парови имаат подеми и падови, а не постои таков пар каде што „секогаш им тече мед и млеко“.
Ако имате различни очекувања, знајте дека сте во неволја. Но, исто така не е добро да објавувате на мрежите секогаш кога ќе се скарате со вашата „втора половина“. Ова е прашање што треба да го решите „приватно“.