
Состојки:
3 јајца
2 dl јогурт
1 dl масло
220 гр брашно
1 лажичка сол
1 лажичка оригано
50 гр рендано сирење
50 гр шунка
50 гр сланина
малку кечап
Подготовка:
Јајцата се матат убаво, се додава јогуртот и маслото, па се меша. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта, ориганото, сирењето, шунката, сланината, па додадете ги во јајцата и јогуртот. Сè убаво измешајте, па наполнете ги чашките за мафини. Посипете уште малку оригано и печете во загреана рерна на 200 C околу 15 минути. Послужете со кечап.