Бред Пит ја ТУЖЕШЕ Анџелина Џоли: БЕСЕН Е заради тоа што му го направила зад грб со рускиот олигарх

popara24 јули, 20221min00
Andelina-i-Bred-Pit

Анџелина Џоли на суд го победи својот поранешен сопруг Бред Пит. Ова не е прв пат, а можеби не и последен пат поранешната холивудска двојка да се спогоди на суд.

Бред ја тужел Анџелина затоа што таа му го продала на рускиот олигарх Јуриј Шефлер нејзиниот дел од винаријата Шато Миравал, која заедно ја купиле. Во 2008 година, Бред и Анџелина го купиле истоимениот замок и поврзаната винарија, а таму се венчале во 2014 година. Меѓутоа, две години подоцна се развеле и потоа се скарале за таа работа и настанал хаос.

Анџелина го продаде својот дел од винаријата на компанија на Шефлер, која произведува познат бренд на вотка во Русија. Пит тврди дека немала право на тоа, без претходно да се консултира со него или со неговите претставници.

Тимот на Анџелина бараше Бред да испорача деловни документи, вклучително и кореспонденција и друга документација. Адвокатите на Пит побараа од судот да го забрани тоа, но тие ја загубија таа битка и сега треба да ги предадат.

Извор близок до Анџелина тврди дека Бред „само ја малтретира затоа што е заслепен од омраза по разводот“, додека пријателите на Бред велат дека Анџелина намерно се обидела да му наштети околу бизнисот со вино. Очигледно, Пит ја добил истата понуда од Шефлер уште додека биле во брак, но тој ја одбил. Актерот понатаму сака винарската визба да донесе профит на долг рок за да им биде од корист на нивните шест деца, додека неговата поранешна сопруга ја обвинува дека со продажбата на дел од бизнисот на руски олигарх сакала само да заработи брзи пари, без размислувајќи за инвестицијата која би била најдобра за иднината на децата.