
Исчистена лубеница, листови нане, малку рум и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да се направи совршено мохито
Кога сакате вкусно освежување, направете си за вас и вашите пријатели ова вкусно мохито од лубеница:
СОСТОЈКИ:
- чаша излупена лубеница
- 20 листови нане
- сок од лимета
- 30 мл шеќерен сируп
- 90 мл рум
- Минерална вода
- ледени коцки
ПОДГОТОВКА:
Во шејкерот додадете сечкана лубеница, нане и сок од лимета, сè убаво изблендирајте и соединете. Додадете рум, шеќерен сируп и мраз, затворете и добро протресете. Истурете во чаши, налејте кисела вода и послужете веднаш.