Доколку ова лето сакате да бидете хидрирани и полни со енергија, нутриционист изјавува дека тоа ќе го постигнете со лубеница, праски и тиквички.
За да спречите дехидрација, сува уста, замор и поспаност, еве кои намирници треба да ги вклучите во вашата исхрана:
Лубеница
Лубеницата содржи 92 проценти вода.
Богат е со витамини А, Б6, Ц, како и со калиум. Околу 20 проценти од дневната потреба за витамин Ц може да се задоволи со лубеница.
Помага во регенерација и одржување на здравјето на мускулите и коските.
Праски
Праските содржат 89 отсто вода, како и голем процент на витамини А, Ц и Е.
Тие се богати со бројни влакна, како и антиоксиданси.
Добри се за општо варење, имунитет и поздрава кожа.
Тиквички
Тиквичките содржат 95 отсто вода.Варените тиквички се богати со бројни микронутриенти и витамини како А, Ц, калиум и магнезиум.
Добри се за видот и зајакнување на имунитетот – вели нутриционистот.