Кој уште не сака переци? А само замислете кога се чоколадни, сочни, со малку крупна морска сол врз глазурата! Сѐ што треба да направите е да уживате…
Состојки:
- 250 гр брашно
- 50 гр мелени бадеми
- 125 гр путер
- пет лажици кафеав шеќер
- една лажичка прашок за пециво
- ванилин шеќер
- прстофат сол
- поголемо јајце
За глазурата:
- 100 гр чоколадо
- две лажици масло
- крупна морска сол
Подготовка:
Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, мелените бадеми, путерот, шеќерот, ванилин-шеќерот, прстофат сол и изматеното јајце, па замесете ронливо тесто. Оставете го малку да одмори, а потоа со рака извадете малку од смесата, направете стапчиња со големина на молив и формирајте переци. Се пече во рерна на 180 степени десет минути. Во меѓувреме направете глазура од чоколадо и масло, па потопете ги переците, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со малку сол и оставете да се изладат.
Уживајте!