ЛАТИНО ЗАВОДНИЧКА! Софија Вергара покажа како изгледала кога имала 14 години! (ФОТО)

popara25 јули, 20221min00
591842_vergara_f

На витката фигура на Софија Вергара можат да и позавидат дами двојно помлади од неа, а милиони обожаватели често ја прашуваат како успешно го „избегнува“ стареењето…

Холивудската актерка со колумбиско потекло Софија Вергара (50) како тинејџерка била „откриена“ на плажите во родниот град Баранкила, а кариерата ја започнала како модел, а подоцна се впуштила и во актерскиот свет.

Таа редовно ги споделува најновите филмски проекти со своите фанови на социјалните мрежи, а сега објави и фотографии направени кога имала 14 години.

– Баранкила во 80-тите, 14 години – напиша во описот на фотографијата.

Screenshot 2022-07-25 212551
Screenshot 2022-07-25 212608

Работела како водителка на колумбиска телевизија, а по убиството на нејзиниот брат, Вергара се преселила со семејството во Мајами.

Таа стана популарна со улогата на Глорија во серијата „Модерно семејство“, а од 2013 до 2020 година беше најплатената актерка на американската телевизија.

Таа неодамна го прослави својот 50-ти роденден и откри дека не се плаши од стареењето.

Она за што милиони обожаватели често ја критикуваат е фактот што таа успешно го „избегнува“ стареењето, а на нејзината витка фигура можат да и позавидат и дами двојно помлади од неа. Тајната е во разновидната исхрана и редовните тренинзи, а како што тврди, за дел од нејзиниот добар изглед се заслужни и совршените гени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma